
Екипата на Мал Ајакс од Штип го запиша првиот сезонски пораз откако беше поразена од екипата на Кариаша на тешкото гостување во Студеничани со резултат од 5:3.
За екипата на Каршиака стрелци беа Нуман Асани, Енис Мемеди, Шенол Издризовски, Фуркан Ќани и Џунејт Абдулаи, додека пак за штипскиот тим двоен стрелец беше Ангел Белчовски, а еден гол постигна Седат Мамудов.
Овче Поле однесе висока победа од 9:3 над Партизан Југ од Брвеница, Балкан го доби Кратово со 7:6 за избивање на врвот од табелата, а пак СЕЕ Универисити дома славеше над Кораби со 6:5.
Денес Енхалон ќе игра против Победа, а пак утре Конзули против ССК Скопје за комплетирање на 6. коло на Втората футсал лига.
Александар Ванев, М-Нет