
1,1 процент се зголемени цените во угостителските објекти во државата. Според податоците на државниот завод за статистика ваквото зголемување е за месец октомври, споредбено со септември но кога би се зело во превид истиот временски период од претходната година, зголемувањето на цените е за 6,1 процент. Ваквата ситуација за граѓаните на Штип создаде мислење дека угостителските објекти ќе бидат празни и како што велат ако порано оделе еднаш во неделата, сега нема ниту толку.
“Нема, кафана веќе нема, ќе заборавиме кафана. Едно пиво е 130 денара, еден сок е 100 денари. Ништо не е 50 евра, ние седнеме двајца потрошиме 50 евра. Многу скапо, додека ќе оди не се знае. Понапред одевме, еднаш барем во неделата, сега никаде.“, истакнаа граѓаните
Со ваквата ситуација штипјани се децидни дека треба да се превземат мерки, доколку растот на цените биде се почест.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во октомври 2024 година, во споредба со септември 2024 година, е зголемен за 1.1 %.Индексот на цените на угостителските услуги во октомври 2024 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 6.1 %. Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – октомври 2024 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 5.6 %, додека во однос на декември 2023 година, е зголемен за 3.0 %.