
Не се очекува да се зголеми електричната енергија, но доколку се случи, ќе биде во рамките од 2, до 3 проценти. Премиерот на државата Христијан Мицкоски на денешната прес конференција истакна дека во рамките на пет месеци влада тие направија промена за да не се дојде до покачување на електричната енергија, но доколку тоа се случи ќе биде незначително, а тоа е успех кога станува збор за ваквата ситуација.
“Седум години ја ограбија есм и сега ние во овие четири, пет месеци направивме да ја консулидираме за да не дојде до зголемување или ако биде тоа, да биде во рамките на 2,3 проценти, да биде нешто што би било незначително или реткост за регионов и тоа е навистина успех, на една таква компанија, која што 2017 година имаше милијарда ипол депозити во банка.“ истакна Мицкоски
Со оглед фактот дека некои држави во Европа имаа раст на електричната енергија до дури 20 проценти, Македонија сепак нема таков проблем.
“Доагаме до она што јас го говорам во изминатите денови, дека не очекувам да има зголемување, не знам од 10,15,20 проценти, како што е случајот во многу држави во Европа. Очекувам да биде и да има да биде незначително.“, додава Мицкоски
Ваквата ситуација за граѓаните ќе означува добар потег, имајќи во предвид дека поголем дел од нив користат клима уреди. Како што посочува и премиерот доколу има многу мал раст за 3 проценти, тоа нема да биде значително за граѓаните.