
Утре на програмата ќе бидат натпреварите од 12. коло на Втората фудбалска лига, по што ќе следува репрезентативна пауза.
За 12-тата рунда се познати судиите кои ќе ја делат правдата. На „Цвај арената“ ќе се соочат Вардар Неготино и Каменица Саса, а за правдата ќе биде задолжен Марјан Стојановски, „фенерџијата“ Вардарски ќе бара прва радост против Новаци, а правдата во Богданци ќе ја дели Александар Грујоски.
Осогово на домашен терен ќе игра против Победа, а за правдата ќе биде задолжен Кирил Смоквоски, додека пак Игор Иванов ќе им суди на Кожуф и Охрид во Гевгелија.
Фатмир Бафто ќе им суди на Детонит Плачковица и Беласица во Источното дерби во Радовиш, Сашко Ристов ќе биде делител на правдата на мечот меѓу Брегалница и Арсими во Штип, додека пак Дени Лековски ќе им суди на Борец и Македонија ЃП.
Сите натпревари ќе започнат во 13 часот.
Александар Ванев, М-Нет