Со богата програма О. Зрновци подготвена за одбележување на празникот на општина 8 Ноември

Низа настани и активности и богата програма ќе се одбележи 8 Ноември денот на Општина Зрновци. Чествувањата ќе започнат во четврток со ликовна колонија и вечерна литургија. Продолжуваат на самиот ден Митровден, а настани се закажани и за викендов. Со програмата се опфатени сите генерации, односно има активности и за помладите и за повозрасните.

„Изминатиот период изготвивме програма за одбележување и чествување на големиот празник. Имено, започнуваме во четврток со ликовна колонија, вечерна литургија. Продолжуваме во петок со утринска литургија, свечена седница и многу други содржини кои ќе бидат до 10 ноември недела.“ – вели Коцев.

Во недела ќе се реалзира и традционалниот марш во соработка со клубот за планински спортови Осоговски орел од Кочани, како и турнир во мал фудбал. Во оваа прилика Коцев ги повика граѓаните да присуствуваат, да бидат дел активностите и подготвената програма и да уживаат.

Лаура Стојанова М-Нет