Многу паметни умови остануваат неприметливи во државата, младите егзистираат во други држави

Македонец, првенец на генерацијата, научник, иноватор, спортист, планинар, сопруг и татко на две деца – по несреќата во Нови Сад сите научија кој е Васко Саздовски од Свети Николе. Научиник од Македонија кој работел во институт во Нови Сад каде се истражуваат и развиваат информатички технологии за земјоделството. Човек со брилијантен ум, кој зад себе имал и наулна кариера. Но, и покрај сите негови квалификации тој работел надвор од границите на државата.

Екипата на М-Нет телевизија денеска беше на терен во неговот родно Свети Николе. Граѓаните, пред се повозрасните велат тој е само еден во низата граѓани, млад паметен кадар кој заминува на работа надвор од границите на државата. Додаваат дека државата треба да води поголема грижа кога се во прашање младите, за да може паметните да ги задржи дома, да работат, да создаваат, и да егзистираат овде.

„Децата од 14, 15 години се со идеја да си заминат, а не на 20, 30 години. Сѐ е финансиски и затоа тој паметен народ ни избега. Кој ќе остане, никој. Треба комуникација со младите, од толку народ само стари сме.“ – велат светиниколчани.

Децидни се дека многу повеќе треба да се вложува всо цел младите да оснат дома. Во спортивно ќе се случува она на што веќе сме сводоци, младите паметни лекари, инжинери, научници и слично своето знаење и вештини да ги нудат во некоја друга држава.

Лаура Стојанова М-Нет