Директорот на студентскиот дом „Браќа Миладиновци“ Штип си поднесе оставка заради лични причини

Заради лични причини досегашниот директор на студентскиот дом „Браќа Миладиновци“ во Штип си поднесе оставка. Тој останува на работна позиција воспитувач во овој дом, финкција која изминатите две години му беше ставена во мирување. Насев до завршување на својот мандат имаше уште дваесет месеци.

„Домот располага со залиха од намирници за подготовка за исхрана. Дополнително располагаме со девет тона нафта за затоплување до месец февруари, и студентскиот дом не должи средства кон ниту еден добавувач. Минатата недела исплативме плата и регрес за годишен одмор, а на сметка има околу три милиони денари“ – вели Насев.

Оваа институција во моментот згрижува 170 средношколци и 125 и студенти, а за нив се грижат 17 вработени кои се со постојан вработен однос и три до четири работници со договор на дело.

Оставката е поднесена денеска, што значи треба да се назначи нов в.д. директор кој ќе биде од редот на вработените во студентскиот дом и кој ги исполнува условите за директорската функција. Согласно барањата осум вработени ги исполнуваат условите и можат да бидат во трката за директорската фотелја.

Лаура Стојанова М-Нет