
Димитар Пилешков ќе биде задолжен да ја дели правдата во дербито на колото меѓу Работнички и Шкендија во рамки на 13-тата рунда, Крумислав Ѓоргиев ќе им суди на Воска Спорт и Тиквеш, дуел на двата лански финалисти од Купот на Македонија.
Александар Грујоски ќе ја дели правдата на натпреварот меѓу Шкупи и Гостивар, Игор Иванов ќе им суди на Беса и Струга Трим Лум, Александар Ставрев ќе биде задолжен за правдата на мечот меѓу Брера Струмица и Силекс, а пак Јован Качевски ќе им суди на Пелистер и Вардар под рефлектори во Битола.
Сите натпревари ќе започат во 13 часот, освен мечот меѓу Пелистер и Вардар со почеток од 19 часот.
Александар Ванев, М-Нет