
В сабота на програмата ќе бидат натпреварите од 11. коло од Втората лига, а веќе се познати и судиите кои ќе ја делат правдата на истите натпревари.
Дејан Младеновски ќе им суди на Борец и Вардар Неготино, Фатмир Бафто ќе ја дели правдата на дербито меѓу Македонија ЃП и Брегалница, Дарко Котевски ќе им суди на Арсими и Детонит Плачковица.
Владимир Ѓорѓиевски ќе ја дели правдата меѓу Беласица и Кожуф, Александар Урошевиќ на Охрид и Скопје, Кирил Смоковски ќе суди во Куманово каде ќе играат Башкими и Осогово, Марјан Дејаноски ќе им суди на Победа и Вардарски, а пак Александар Василевски на Новаци и Каменица Саса.
Александар Ванев, М-Нет