Штипјани против празнувањето „Ноќта на вештерките“, децидни дека е потребно почитување на православните празнци

Празнувањето на ноќта на вештерките или Хелоувин, создаде реакции од повозрасните штипјани. За М-Нет телевизија велат дека секое присвојување на туѓите празници, ја отрга важноста на нашите. Додаваат дека се што е добро пополека исчезнува, па овој факт силно ги затревожува кога е во прашање иднината на македонецот.

“Не, мислам дека не би требало. Ние се присвојуваме од западот, се што не беше добро, а се што беше добро исчезна, затоа сега и општа култура немаме, а не да славиме такви празници.”, велат граѓаните

“Јас сум од повозрасната генерација, но не сум за моментот нели да се слави.”, додаваат граѓаните

Инаку одбележувањето на овој ден се прави на 31 октомври. Според многу научници, овој празник првобитно бил под влијание на денот на мртвите со можни пагански корени, особено келтскиот Саун. Ова е народен празник, но посебно врзани со него се некои пагани, особено Ирските доселеници во Северна Америка кои донеле со себе верзија на нивната традиција. Овој ден често е поврзан со црната и портокаловата боја, и посебно со симболот фенер од тиква. Активностите поврзани со овој ден вклучуваат шеги , посетување на проколнати места, палење логарски оган, маскембал, резбање тикви , „вадење јаболка“ , читање страшни приказни и гледањефилмови на ужасите.

Лаура Стојанова, М-Нет