Отворен новиот парк, детско катче и спортско игралиште во населбата Света Недела во Штип

Отворен новиот парк, детското катче и спортското игралиште кај Света Недела во Штип. Простоторот е целосно опремен за сите генерации да можат да го користат и да го минуваат своето слободно време.

„Да го отвориме овој парк за децата до осум годишна возраст, исто така гоимаме и паркот каде може граѓаните да се одморат, а се направи и игралиште во кое ќе можат младите да спортуваат и да го развијат нивниот здрав дух.“ – вели Адемов.

Интеграцијата на Ромите и поддршка за нив е еден од најважните сегменти во општеството посочи на настанот, преставникот на УНДП, Ана Чернишова. Вели дека и понатаму продолжуваат со активности и проекти преку кои ќе се помогне на лицата Роми.

„Секое општество се оценува врз основа на тоа не како го третира мнозинството туку како го третира малцинството. Затоа е важно да се развива едно демократско општество. Во изминатите три години УНДП во соработка со општината како и ЕУ и Владата работат на проекти за интеграција на Ромите. Резултатите се веќе видливи, со изградба на игралиштето, паркот.“ – вели Чернишова.

Она што беше зацртано како цел за интеграција на Ромите во општеството е исполнето, со што се овозможуваат подобри услови за нив и подобро секојдневие, посочи градоначалникот Иван Јорданов. Додаде дека согласно проектот невработени лица од месното население ќе бидат вклучени во одржување и чистење на содржините.

„Имаме можност да го погледнеме она што УНДП го финансира за да се создаде ваква содржина, да го заштитиме пред сѐ зелениот појас кој е наоколу имајќи во предвид дека проектот предвидува и меки мерки односно ангажирање на невработени лица кои во наредниот период ќе бидат задолжжени за одржува на оваа содржина“ – вели Јорданов.

Настанот беше отворен со турнир во мал фудбал кој се одржа на новоотвореното спортско игралиште.

Инаку овде се работи и на изградбата на новите 40 типски куќи со кои своето станбено прашање ќе го решат 40 семејства.

Лаура Стојанова М-Нет