
27 Роми повратници го заокружија своето основно образование. Во учебната 2023 – 2024 година во Основното училиште „Гоце Делчев“ во Штип тие имаа можност да го завршат своето образование кое од различни причини било прекинато. Директорот на училиштето, Зоран Митев, посочи дека детектирано има уште 33 Роми повратници кои чекаат да го заокружат своето основно образование.
„Основното училиште „Гоце Делчев“ од Штип беше вклучено во организирање на настава за Роми повратници од странство. Можам да кажам дека во периодот 2023-2024 во нашето основно училиште 27 Роми повратници го заокружија своето основно образование. Инаку, како училиштестоиме на располагање и понатаму да продолжиме да учествуваме во реализацијата на овој проект со оглед на тоа дека има детектирано уште 33 Роми повратници коишто чекаат да го заокружат своето основно образование“ – вели Митев.
Ромите повратници кои се вратиле од западно европските земји и го завршиле своето основно образование со испиративни приказни, посочуваат дека ова е од големо значење за нив бидејќи можат да бидат конкурентни на пазарот на трудот. Дел од нив веќе почнале и со работа.
„Со гордост можам да кажам дека го завршив своето основно образование. Кога растев имав многу предизвици и затоа не го завршив образованието.“ – вели Сулеманова.
Денеска на игралиштето во Света Недела повратниците Роми кои го завршија своето основно образование добија и сертификати.
Лаура Стојанова М-Нет