Васе Беќаров си поднесе оставка, второлигашот Вардарски ќе добие нов тренер!

ФОТО: М Нет телевизија

По осум одиграни кола во Втората македонска фудбалска лига Вардарски ќе добие нов тренер, откако досегашниот тренер Васе Беќаров си поднесе оставка.

Клубот во текот на денешниот ден ќе ја разгледува ситуацијата околу тоа кој тренер би можел да го наследи Беќаров на тренерското столче, но воедно и да го прифати предизвикот за опстанок со Вардарски во Втората лига.

Повратникот во Втората лига после 27 години е единствен второлигаш без триумф по осум одиграни кола, а викендот ќе игра против Охрид на „Билјанини Извори“ каде Вардарски ќе има повеќе од тешко гостување.

Второлигашот од Богданци е последен на табелата со само два бодови на своето конто.

Александар Ванев, М-Нет