
Мал Ајакс од Штип во рамки на 2. коло од Втората футсал лига запиша триумф на гостувањето кај ланскиот прволигаш Карадаку со што штипјани имаат одличен старт за две победи од два натпревари во новата сезона.
За штипјани двојни стрелци беа Теодор Наков, Иса Дурмишов и Ангел Белчовски, а пак за домаќинот Семир Арифи беше двоен стрелец, а еден гол беше дело на Зејнула Мустафи.
СЕЕ Университи со 8:2 го декласираше Конзули од Битола, а пак Балкан ја спушти на земја Победа, која сезоната ја отвори со убедлива победа од 23:4 над Карадаку, но затоа сега Балкан со 13:9 славеше над Победа.
Одличен меч се одигра во Кравото каде беа постигнати 21 погодок за триумф на Кораби од Дебар над домаќинот Кратово со 8:13, Каршиака со 5:0 лесно се справи со струшки Енхалон, а пак ланскиот прволигаш Овче Поле со 8:2 ја прегази ССК од Скопје.
на табелата максимални шест бодови имаат Овче Поле од Свети Николе, Кораби, Мал Ајакс од Штип и Балкан. Без бодови се екипите на Партизан Југ од Брвеница, но и меч помалку, ССК Скопје, Конзули, Кратово и Карадаку.
Александар Ванев, М-Нет