Штипјани возат мотоцикли без кациги и без дозволи

По синоќа спроведената засилена акциска контрола на возачи на мотоцикли од страна на припадници на СВР Штип откриени се вкупно 40 прекршоци.

Најмногу соодветни санкции, вкупно 22 се изречени за неносење на кацига, шест за управување без возачка дозвола, пет со измината важност на регистрацијата, две за измината важност на осигурителната полиса и пет останати прекршоци.

Евидентирани се и 15 други сообраќајни прекршоци, за кои исто така се изречени соодветни санкции.

Од СВР Штип апелираат до сите возачи на мотоцикли да бидат внимателни и одговорни во сообраќајот, да внимаваат на правилата за ограничување на брзината и да користат кациги и останата заштитна опрема.

БИЛЈАНА ПОСТОЛОВА / МНет.мк