Заеднички тренинг на учениците од ООУ „Димитар Влахов“ во Штип со одбојкарите на Штип УГД за промоција на одбојката како спорт

Одбојкарскиот клуб Штип УГД продолжува со спроведување на активности за запознавање на учениците во основните училишта во Штип со одбојката како спорт. Денес беше реализиран втор настан во низата кои ги има предвидено штипскиот одбојкарски клуб со учениците на ООУ „Димитар Влахов“, практично оваа беше тренинг на учениците со тренерот Кристиан Ристески, и репрезентативците на Македонија, кои се играчи на ОК Штип УГД, Костадин Ричлиев, Дадвид Стојанов и Стојче Арсов.

Ристески за М Нет телевизија истакна дека има заинтересираност за одбојката од страна на децата, кои веќе прашуваат и сакаат да започнат со тренирање одбојка, откако претходно ваков спортски настан беше спроведен и во ООУ „Ванчо Прке“ во Штип

Целта на ОК Штип УГД е во иднина да се опфатат сите основни училишта во Штип, а потоа да се опфатат и средните училишта.

Во ОК Штип УГД во моментот тренираат околу 25 деца, но оваа бројка ќе се зголемува токму преку овие настани кој ги организира освојувачот на одбојкарскиот Купот на Македонија.

Настаникот по физичко и здравствено образование Дарко Митев вели дека интересот за одбојката во оваа училиште има, но повеќе кај девојчињата.

Целта на овие настани ќе биде да се запознаат децата во основните училишта во Штип со одбојката преку заеднички тренинг со одбојкарите од Штип УГД.

Александар Ванев, М-Нет