
Месец октомври или уште познат како Розов октомври е месец посветен на женското здравје. Истакнувајќи ја важноста на женското здравје стојат и препораките за редовна контрола со цел рано дијагностика и превенирање во случај на појава на рак на дојка. Елвин Шакиров е студент на УГД Штип, петта година на факултетот по медицина. Вели овој месец жените имаат задача, а тоа е да направат самоконтроли со цел да се заштитат себе си и да водат поголема грижа за сопственото здравје.
„Овој месец е познат уште како Розов октомври и е посветен на женското здравје, воедно овој месец е потсетник колку е важна раната дијагностика на карциномот на дојка. Во овој месец жените имаат задача, а тоа е да направат самопреглед и мамографија на дојките, тие се превентивните мерки кои го спречуваат понатамошното ширење на карцином на дојка.“ – вели Шакиров.
Шакиров ја губи својата мајка како резултат на рак на дојка. Вели ова е главна причина поради која одлучува да продолжи со медицината и пред сѐ поддршка да нуди на онколошките пациенти. Додава дека доста важно е да се има мотивација, поддршка, но и пацеинтите да се запознаат со болеста и начинот на превенција за да можат навремено да заппочнат со лекување.
„Заклучив дека треба да се работи на ова поле активно бидејќи сѐ повеќе жени се соочуваат со оваа дијагноза. По нејзината смрт имам заклучено дека онколошките пациенти не се доволно информирани за оваа болест, однонсно мајка ми не знаеше колку е битна хемотерапијата. Па поради таа причина ја одби терапијата и целта мене ми беше на луѓето да им кажам дека има информации кои треба да ги знаат.“ – вели Шакиров.
Во источниот регион во Свети Николе има најмногу забаолени жени со карцином на дојка, а пациентите од крајниот Исток на прегледи мора да патуваат до Штип или Скопје.
Лаура Стојанова М-Нет