50 акцијаши од државата меѓу кои 14 од Штип утре заминуваат на акција во Словенија

Акцијашите од Македонија, меѓу кои и штипјани утре заминуваат во Словенија, на средба на која ќе учествуваат околу 300 акцијаши од поранешните држави на Југославија. Од нашата држава учество ќе земат 50 акцијаши од кои 14 од Штип. Целата е да се придонесе за добро во општеството, околината, животната средина. Од овде е и настанот преку кој ќе се пошумува простор во Словенија. Тенденција е ваквите активности да се спроведуваат секоја година во различна република. Акцијата трае од 11 до 13 октомври.

„Во организација на сојузот на акцијаши од Словенија се организира Меѓународна средба на која ќе земат учество околу 300 акцијаши од поранешни држави на Југославија. Активноста ќе биде еден простор во Словенија да се озелени. Тоа е дел од активности кои ги правиме меѓусебно и е традициоанлно веќе се случува секоја година.“ – вели Кангалов.

Активности на акцијашите се спроведуваат во текот на целата година, во различни држави. Радува фактот што се опчесто се вклучуваат и младите, а за таа цел се вршат и обуки во училиштата. Кангалов посочува дека преку вакви настани се зближуваат младите и се учат нови искуства од разни држави,.

„Ние бевме веќе во Палиќ, Јагодина, Ниш. Оваа година нашите акцијаши беа едена недела во Нови Пазар. Таму беа седум младинци и двајца ветерани. Мислам дека преку ваквите активности се зближуваат младите од повеќе краишта.“ -додава Кангалов.

Акцијашкото здружение „Пат на младоста“ Штип посотои шест години и е активно на терен во Штип, државата и надвор од неа.

Лаура Стојанова М-Нет