
Пред почетокот на новата грејна сезона стои обврската граѓаните навремено да ги исчистат своите оџаци со цел да се спречи предизвикувањето пожари зимскиот период. Овој апел кој се повторува секоја година носи делумни резултати велат од ТППЕ Штип. Командирот, Благој Ренџов, посочува дека лани имале помал број интервенции, па затоа годинава вели граѓаните да бидат одговорни и овој број да биде утше помал.
„Лани поминавме добро, со не многу број на интервенции на оџаци. Како секоја година останува апелот пред самиот старт на грејната сезона граѓаните да ги проверат своите оџаци, да ја проверат електричната инсталација бидејќи во денешно време сѐ поголем број граѓани се греат на електрични уреди“ – вели Ренџов.
Слична е ситуацијата и во Кочани. Од ТППЕ Кочани велат дека лани во кочанскиот регион имало околу 60 пожари на запалени оџаци. Децидни дека треба да се внимава со цел да се спречи појавата на вакви пожари.
„Минатата година во текот на грејната сезона во периодот од ноември до април во кочанскиот регион беа регистрирани околу 60 пожари предизвикани токму од неисчистени оџаци. Редовното чистење на оџаците го спречува и нивното палење. Овој апел за чистење на оџаците е од причина што речиси секојдневно во грејната сезона имаме бараем по едно известување за гасење пожар секој ден на запален оџак.“ – вели Апостолов.
Двете територијални противпожарни единици се едногласни дека со поголемо вниамние и одговорност може да се придонесе за поголема безбедност, пред сѐ кога се во прашање пожарите, без разлика дали е од запален оџак, пожар на отворено или слично.
Лаура Стојанова М-Нет