Трајанов: Во недела против Бутел ќе атакува на првите бодови, очекуваме поддршка од публиката!

ФОТО: Александар Ванев, М Нет телевизија

Повраникот во Суперлигата екипата на Радовиш на стартот од сезоната имаше навистина тежок распоред, се соочи со фаворитите Охрид, Алкалоид и Вардар, а веќе доаѓаат натпреварите каде радовишани ќе треба да освојуваат бодови.

Веќе в недела во СРЦ „25 Мај“ доаѓа екипата на Бутел, а во изјава за М Нет телевизија, ракометарот на радовишани, Филип Трајанов вели дека ќе атакуваат на бодови против скопскиот тим со поддршка од публиката и верната навивачка група „Лебари Исток“.

Натпреварот меѓу Радовиш и Бутел се игра во СРЦ „25 Мај“ во Радовиш, в недела од 18 часот.

Александар Ванев, М-Нет