
Шестата рунда на Втората македонска фудбалска лига ни го носи и дербито во Гевгелија меѓу Кожуф и Детонит Плачковица, соочување за трите бодови на две екипи кои претендираат за висок пласман и борба за местата за Прва лига, дерби кое ќе можете да ексклузивно да го следите само на М Нет телевизија.
Кожуф е со максимален фокус на Втората лига, откако ги заврши настапите во Купот на Македонија сега води борба на еден фронт, сака висок пласман, сака од втор план пласман и во Прва лига.
Детонит Плачковица во Гевгелија ќе има незгодно гостување, трите бодови се единствена опција, но Кожуф е квалитетен противник кој го има и најдобриот стрелец Дарко Гроздановски и практично овој меч ќе биде и дерби на колото.
Двете екипи располагаат со играчи кои имаат и прволигашко искуство, но и меѓународно, имаат одлична форма од последните натпревари. Кожуф е на делба на третото место со Македонија ЃП со по 11 бодови, а пак Детонит Плачковица е на 5. место со 10 бодови, колку што има и Башкими кој е место подолу.
Кожуф го делат два бода од врвот каде што е Брегалница со 13 бодови, а пак радовишани има три бода негатива од врвот.
Во меѓусебните дуели од 25. август 2018 година до сега двете екипи се соочиле 11 пати од кои десет официјални натпревари, а еден бил пријателски.
Кожуф има четири победи, Детонит Плачковица има две победи, една на пријателски меч, а една во Втората лига, а пак пет средби завршиле без победник.
Проследете го дербито на 6. коло во Втората лига меѓу Кожуф и Детонит Плачковица, само на М Нет телевизија, сабота од 14 часот.
Александар Ванев, М-Нет