Брегалница на врвот во Втората лига, Осогово и Вардарски на дното

ФОТО: Александар Ванев, М Нет телевизија

По пет одиграни кола во Втората македонска фудбалска лига екипата на Брегалница од Штип е лидер на табелата со 13 освоени бодови и гол разлика од девет постигнати и четири примени погодоци.

На второто место е Арсими кој има бод помалку од штипските „сини“ или вкупно 12 освоени бодови. На делба на третото место се екипите на Македонија ЃП и Кожуф кои имаат по 11 бодови, Детонит Плачковица е на петтото место со 10 бодови колку што има и Башкими кој е место подолу.

На седмото место со седум бодови е Новаци, а на осмото место со шест бодови е некогашниот прволигаш Скопје.

Каменица Саса има пет бодови и се наоѓа на деветтата позиција, а по четири бодови имаат четири екипи. Победа која е 10-та, Беласица, Вардар Неготино и Охрид кој е на 13-тото место.

Во бараж зоната е Борец со три бодови, а во зоната за директно испаѓање е Вардарски со два бодови како претпоследен и Осогово кој е на дното исто така со два бодови.

Пред второлигашите е густ распоред, вчера ги одиграа натпреварите од вонредното 4. коло, а веќе во сабота ќе ги одиграат натпреварите од 6. коло.

Александар Ванев, М-Нет