Студенти од странство и понатаму ќе студираат на УГД Штип, се задржува епитетот „студентски град“

Студенти од странство и понатаму одбираат да студираат на штипскиот универзитет Гоце Делчев. Заинтересиреноста од нив изминатите години беше голема и тоа најмногу од Турција, а годинава за нив е збогатена дополнително програмата за англиски јазик при економскиот факултет, истакна проректорот на универзитеот Мишко Џидров за М-нет телевизија. Тој изјави дека заклучно првите два уписни рока и очекуваниот резултат од третиот, УГД е задоволен од бројот на студенти и топло ги покануваат и останатите кој сеуште се недолучни.

“Интересен постои голем. Би рекол дека изминатите години беше од Турција, но ние имаме од цел свет, а единствен пробелм со кој се соочуваме и останува е проблемот, а тоа е дека не им се дозволува на странските студенти од некој подалечни земји да добијат виза. Овие денови привршува третиот уписен рок, еве моментално кандидатите кој што не се задоволни, можат да поднесат приговори, а истите ќе бидат разгледани утре, додека на 25 ти веќе ќе имаме и конечни резултати од третиот уписен рок. Секако и крајот на уписниот рок на УГД јас ги повикувам сите заинтересирани кандидати кои што сеуште не се одлучиле да го направат ова што е можно побргу, нека веднаш дојдат на нашите уписни места со своите документи и да можеме во третиот уписен рок и да се пријават, но и да ги запишеме.“, истакна Џидров

Покрај годинава, странските студенти и лани имаа добра програма на англиски јазик и на факултетот за медицински науки, правниот факултет, како и факултетот за информатика, додава Џидров

“Студиските програми се збогатени со уште една програма со англиски јазик на економскиот факултет, а од изминатата година има програма на англиски јазик и на медицинскиот факултет, правниот, иформатика“, додава Џидров

Со ваквата ситуација, покрај што градот Штип е центар на истокот, тој со ова го задржува епитот „студнтски град“, кој е претпознатлив особено за државата. Од една страна студентите од страна ќе го развијат туризмот, а од друга страна и ќе допринесат за зголемувањето на квалитетот на универзитеот надвор од државата.

Лаура Стојанова, М-Нет