Денес во ЖИВО на М Нет: Брегалница – Осогово, на М Нет Спорт: Македонија ЃП – Саса

ФОТО: Александар Ванев | Телевизија М Нет

Денес се играат натпреварите од 5. коло на Втората македонска фудбалска лига, а вие почитувани гледачите ќе имата ексклузивна можност да проследите два натпревари.

На телевизија М Нет ќе може да го проследите дербито на Истокот меѓу Брегалница и Осогово, дерби кое се игра на Градскиот стадион во Штип, а на кое штипските „сини“ на Трајче Сенев ќе бидат фаворити против „жетварите“ кои ќе бидат предводени од новиот тренер Горанчо Георгиев.

Трите бодови се важни и за двете екипи, Брегалница тргна одлично и сака експресно да се врати во Прва лига, а Осогово и со бод ќе биде задоволен во тешката борба што ќе ја води и во новата сезона за директен опстанок.

  • Гледајте го дербито на Истокот меѓу Брегалница и Осогово на телевизија М Нет, денес од 15 часот.

На спортскиот канал М Нет Спорт ќе може да го проследите мечот меѓу Македонија ЃП и Каменица Саса, натпревар во кој „лавовите“ ќе важат за големи фаворити против „рударите“ за трите бодови.

Минатата сезона Македонија ЃП испадна од Прва лига, а во новата сезона важи за главен фаворит за првото место и за експресен кам бек во Првата лига. Саса не тргна како што посакува, а денес ќе има повеќе од тешко гостување во Ѓорче против најквалитетната екипа во Втората лига, па за нив и бод ќе значи голем успех.

  • Гледајте го натпреварот од Ѓорче меѓу Македонија ЃП и Каменица Саса на спортскиот канал М Нет Спорт, денес од 15 часот.

Веќе в среда ќе се одиграат натпреварите од четвртото коло во вонреден термин.

Александар Ванев, М-Нет