
На само три дена пред почетокот на овогодинешното издание на манифестацијата „Штипска пастрмалијада“ се прават финалните подготовки. Во крајна завршна фаза е поплочувањето на шеталиштето „Ванчо Прќе“ на кое ќе бидат поставени штандови и кое ќе пречека голем број посетители. Музиката е веќе организирана, па се очекува одлична забава, позитивни вибрации и гости опд државата и странство.
„Оваа година со нова локација одлучивме да ги пречекаме сите гости кои ќе дојдат од страна, но и да понудиме една добра забава и вкусна пастрмајлија за сите штипјани, за сите гости од страна. На новото шеталиште Ванче Прќ, кое веќе влегува во финална фаза од поплочување и очекувам во наредните денови да се заврши поплочувањето и да се оспособи самата улица за поставување на штандови.“ – вели Јорданов.
Да се забавуваме, да се вкуси познатиот штипски бренд и да се изедат рекорден број пастрмајлии – градоначалникот Јорданов упати покана до сите граѓани од Штип, регионот, државата, но и надвор од неа викедов да бидат дел од оваа манифестација.
„Овој викенд ќе има богата музичка програма со познати измиња од Македонија и надвор од неа. Очекуваме гости од страна. Ја користам оваа прилика да ги повикам сите оние кои се љубители на добра забава, на вкусна пастрмајлија викендот да бидат во Штип, да се забавуваат и да вкусат од познатиот штипски бренд“ – додава Јорданов.
Штипската пастрмалијада се организира секоја година традиционално. Годинава е со низа измени и новости и се очекува незаборавна забава.
Лаура Стојанова М-Нет