Димитровска од Каменица Саса најдобар стрелец во ПЖФЛ, Гоја е втора, Панеска трета!

По три одиграни кола во Првата женска фудбалска лига, фудбалерката на Каменица Саса, Ана Димитровска е најдобар стрелец со постигнати девет погодоци.

На второто место на листата на стрелци во фудбалската елита на Македонија во женска конкуренција е Тчеури Харуми Гоја, која го носи дресот на струмичкиот прволигаш Тиверија Брера со постигнати пет погодоци. На третото место е Билјана Панеска, исто така фудбалерка на Тиверија Брера, која пак има постигнато четири погодоци.

По три погодоци имаат Радица Велкова од Каменица Саса и Сара Евтинџиоска од Скопје 2014.

Третото коло од Првата женска фудбалска лига ќе се комплетира со мечот меѓу Речица и Топ Гол, а викендот на програмата ќе бидат натпреварите од 4. коло.

Колку за потсетување во новата сезона наместо 10 екипи, учествуваат девет, откако пред стартот на сезоната Шкендија од Тетово го откажа учеството, па така во секое коло сега има по една слободна екипа, а тоа ќе значи дека нема да има директно испаѓање, па борбата ќе биде да се избегне претпоследното деветто место кое води кон баражот за опстанок.

Александар Ванев, М-Нет