Од само еден филамент до готов производ – СОУ „Коле Нехтенин“ Штип набави нов 3Д принтер

3Д принтер набави СОУ „Коле Нехтенин“ Штип за потребите на училиштето и пред се надоградба на учениците. Со помош на овој принтер средношколците ќе може да изработуваат накин, вазни, саксии, делови за мапшини и слично. Принтерот е од големо значење бидејќи со искуството понатаму може да се заработува, а суштината е да се изработува готов производ од само еден филамент .

„Интенцијата на нашето училиште е секоја година да се збогатува со опрема и со алатки кои ќе ја зголемат довербата на учениците, односно ќе ја оправдаат бидејќи постојано запишуваме голем број ученици, ќе стекнат богато искуство кое понатаму ќе им користи во наредното образование. 3Д принтерот како алатка финансиски не чини многу, но искуството е непроценливо.“ – вели Шалева.

Воведување на новата технологија е една од основните цели на училиштето, а тоа се покажува и со набавката на новиот 3Д принтер.

„Денеска можеме да се запознаеме и со работењето на 3Д принтерот, кој мислам дека е еден од најсовремените, со што на учениците можеме да им овозможиме напреден образовен систем.“ – вели Коловски.

Учениците кои ја избрале машинската струка велат дека со помош на алатки и машини во пракса се запознаваат со она што го учат и на тој начин полесно го совладуваат материјалот.

Оваа учебна година во СОУ „Коле Нехтетнин“ имаше најголем интерес за запишување на средношколци во прва година во сите струки.

Лаура Стојанова М-Нет