Третолигашот Слога Виница со новиот стратег Емил Грнев прв фаворит на Истокот за Втора лига!

ФОТО: Александар Ванев, М-Нет Телевизија

Викендот ќе започне новата сезона во Третата македонска фудбалска лига – Исток, а некогашниот второлигаш Слога од Виница назначи нов шеф на стручниот штаб. Штипјанецот Емил Грнев доаѓа на местото на Крсте Крстев, на кому Слога Виница му се заблагодари за досегашната соработка. Со Грнев во Виница доаѓа и Бошко Ступиќ како нов помошник во стручниот штаб.

Во новата сезона од Трета лига – Исток екипата на Слога Винциа ќе биде прв и главен кандидат за првото место кое води во баражот за можен влез во Втората македонска фудбалска лига.

Минатата сезона Слога Виница заврши на второто место зад Вардарски кој стана шампион, а потоа преку баражот влезе и во Втората лига.

Новата сезона Слога Виница ја отвара со гостување во Берово кај Малеш, меч на кој своето деби ќе го има новиот стратег Грнев.

Во новата сезона наместо 12 екипи како што беше најавено, учество ќе земаат десет екипи, а од натпреварување се откажаа Рудар од Пробиштип и Граничар Спорт од село Ново Коњарево, струмичко.

Александар Ванев, М-Нет