
Одбојкарскиот клуб Штип УГД за новата сезона промовираше две домашни и две странси засилувања. Станува збор за Давид Стојанов и Стојче Арсов, македонски репрезентативци, како и Георги Багаев од Белорсија и Виктор Гомес од Бразил.
Стојанов игра на позицијата техничар и после неколку сезони во странство се враќа во Македонија. Тој во штипскиот клуб доаѓа од редовите на Фужинар од Словенија. Арсов доаѓа од редовите на Работнички, а настапува на позицијата коректор.
Белорусинот Багаев игра на позицијата примач, додека пак бразилецот Гомес игра на позицијата среден блокер. Двајцата веќе од следната недела се приклучуваат во тимот и се очекува да бидат големо засилување за екипата на Штип УГД, која во новата сезона ќе ја брани Куп-титулата, а ќе ја напаѓа титулата во домашното првенство.
Минатата сезона покрај освојувањето на Куп-титулата, екипата на Штип УГД за малку не успеа да ја освои титулата во домашното првенство во дуелите со Струмица, која беше поразена во Купот, а пак струмичани вратија во првенството. Сепак, останува испишата историјата со освојувањето на првата Куп-титула за Штип УГД.
Александар Ванев, М-Нет