Јаневска: Од вторник учениците со посебни потреби во училиштата ќе имаат асистенти

Од вторник учениците со посебни потреби во училиштата веќе ќе имаат асистенти. Проблемот е со училиштата, а не со асистентите, истакна министерката за образование Весна Јаневска. Повеќе ваков проблем нема да се случува, затоа што се има веќе сознанието, вели Јаневска и додава дека родителите не треба воопшто да се грижат.

„Жал ми е што можам да кажам, но проблем со асистените нема, има проблем со училиштата. Пет дена се работи за нешто, што министерството го работи за еден ден, само и препорачувам на родителите дека асистенти ќе има, да не се сеќираат, тоа што сум го ветила, ќе го исполнам. Очекувам дека асистенти ќе има во вторник, но добро е ова сознание за да посветиме повеќе внимание на и на петте ресурсни центри што треба да ја завршат оваа работа, но и да ги доедуцираме, иако тоа требало да биде завршено. Следната година вакво нешто нема да се повтори, затоа што го имаме сознанието, а родителите воопшто да не се сеќираат ќе имаат“, истакна Јаневска

Покрај ваквиот случај, таа истакна дека учениците и наставниците ќе одвојуваат повеќе време во училиштата, а целта е да се стекнат што повеќе различни знаења.

“Она што во моментот е дека по закон наставниците треба да останат по шест часа, но ќе останат и повеќе, бидејќи тоа е всуштината на нашата реформа. Реформата е учениците да остануваат повеќе часови во училиштата, за да стекнуваат што повеќе различни знаења.“ , додава Јаневска

Целта на ваквите промени кој се донесуваат во образовниот систем е да се достигне нивото на интелегенција, но и доусоврши начинот на комуникација, решавање на проблем, препознавање на булинк. Во целото време поминато на училиште тие нема да се постојано над книгите, туку тие ќе имаат многу поголема слоба, начин на едуцирање и повеќе дружба за да се достигне образованието како во познатите светски држави.

Лаура Стојанова, М-Нет