Започнаа атрактивните патувања во пресрет на споените викенди, штипјани соогласни дека максимално се користат

Шопинг дестинациите, празничните и викенд патувањата се во тек. Од туристичките агенции посочуваат дека при крајот на летната сезона, интересот кај граѓаните е голем во односн на викенд патувањата за да можат да ги искористат слободните денови. Големиот избор на патувања се јавува за манастирите Тумане и Рилскиот манастир. Воедно понудите се во тек и за следниот споен викенд на 11 октомври во Будимпешта и Италија.


„По завршувањето на летната сезона, започнуваат оние викенд патувања, празнични патувања, патувања во однос на самите празници каде што луѓето најчесто одбираат еден вид на традиционални понуди и програми кои што ги нудиме. Имаме голем избор на понуди тоа се манастирите во близина, шопинг дестинации како градот Солун, манастирите Рилски манастир и Тумане кој е доста актуелен и често посетуван, а секако овде се и празниците кои ни следуваат за 11 Октомври, а веќе е започната уплатата и е започната целата програма за Будимпешта и Италија.“ – изјави Митрев

Слободните денови ќе ги наполнат туристичките градови посочија штипјани децидни дека постојано граѓаните одлучуваат да патуваат, едни заминуваат на море, а други на планина.


„Да зошто да не одат нека одат сите одат младите, не врерувам дека нема да одат, сега и празник има. Да 8 ми септември има три дена ќе одат зошто да не одат.“ – изјавиа граѓаните

Инаку 8 септември е денот на независноста на Македонија, односно државен празник кој се празнува во Македонија. Празникот ја означува сувереноста, независноста и самостојноста на Македонија и македонскиот народ.

Лаура Стојанова, М-Нет