
Нов голем резултат за професионалниот мотоциклист Петар Мијалков од Штип, кој изминатиот викенд возеше две трки во Плевен, Бугарија, каде во првата трка заврши на првата позиција во Македонскиот шампионат и на третата позиција во БМУ Европскиот шампионат.
Мијалков е втор на генералниот пласман, целта ќе биде да се сочува тоа второ место до крајот на шампионат од кој има уште четири трки, две во Словачка и две во Грција.
Не е голема разлика од второто место на генералниот пласман каде што е Мијалков до третото место, а тоа ќе понуди неизвесна завршина од шампионатот, но ќе даде и притисок на последните трки.
Мијалков вели дека нема пауза во овој спорт, по завршувањето на сезоната, а до почетокот на новата ќе се започне со мото крос, тренинзи, подготовка на моторот.
Пред штипјанецот се уште четири трки, тој е многу блиску да направи голем успех во неговата професионална кариера.
Александар Ванев, М-Нет