Штипјанецот Петар Мијалков нижи големи успеси на БМУ Европскиот шампион: Втор на генералниот пласман!

Нов голем резултат за професионалниот мотоциклист Петар Мијалков од Штип, кој изминатиот викенд возеше две трки во Плевен, Бугарија, каде во првата трка заврши на првата позиција во Македонскиот шампионат и на третата позиција во БМУ Европскиот шампионат.

Мијалков е втор на генералниот пласман, целта ќе биде да се сочува тоа второ место до крајот на шампионат од кој има уште четири трки, две во Словачка и две во Грција.

Не е голема разлика од второто место на генералниот пласман каде што е Мијалков до третото место, а тоа ќе понуди неизвесна завршина од шампионатот, но ќе даде и притисок на последните трки.

Мијалков вели дека нема пауза во овој спорт, по завршувањето на сезоната, а до почетокот на новата ќе се започне со мото крос, тренинзи, подготовка на моторот.

Пред штипјанецот се уште четири трки, тој е многу блиску да направи голем успех во неговата професионална кариера.

Александар Ванев, М-Нет