Во Штип приведен 35-годишник од Битола, агресивно се однесувал кон полициски службеници

На 02.09.2024 во 23.30 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го привеле М.Т.(35) од Битола, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници додека извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.