
Изминатиот викенд во рамки на 4. коло во Првата македонска фудбалска лига екипата на Воска Спорт забележа убедлива и висока победа од 1:3 над Вардар на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, а ваквиот голем пораз за Вардар резултираше со оставка на тренер Горан Петрески.
Во избор на телевизија М Нет тренер на четвртото коло во Првата македонска фудбалска лига е Сеит Крека, шефот на стручниот штаб на Воска Спорт.
За охриѓани овој триумф е голем и со новите три бодови Воска Спорт има вкупно четири и се наоѓа на делба на шестото место на табелата.
По завршувањето на репрезентативната пауза екипата на Воска Спорт на домашен терен ќе игра против Силекс.
Александар Ванев, М-Нет