
Оставената на пола реконструкција на канализационата мрежа во село Уларци во Општината Чешиново-Облешево и понатаму предизвикува лавина реакции од страна на жителите. Покрај што низ селото се шири непријатна миризба, стравуваме дека може да настанат бактериски инфекции и да седојде до несакани последици, велат тие. Имаме апелирано многу пати со жалби, ама нема никакви реакции, додаваат селаните и истакнаа дека доколку една куќа може да се поврзе со канализацијата, девет не можат, а ваквиот проблем е речиси две години.
„Не, не е направено. Една куќа може да се поврзи, но девет не можат, дека јас на ногре не можам да се приклучам. Ова е страшна работа“
Во согласност со ситуацијата М-нет телевизија воспостави барање за пристап до информации од јавен карактер до Општината Чешиново-Облешево, каде од таму за ваквиот случај велат дека договорот за изградба на калнализационата мрежа во село Уларци е склучен помеѓу инвеститорот Владата на Република Северна Македонија, финансиер од Мралино Илинден и фирма изведувачи од Р.Турција, а подизведувач од струмичко. Дополнително велат дека Општината Чешиново-Облешево нема сопствено учество во оваа инвестиција, ниту пак има влијание на роковите за изградба на оваа инвестиција. Роковите на фирмата изведувач се дадени од страна на инвеститорот Влада на Република Северна Македонија.
Лаура Стојанова, М-нет