
Башкими во рамки на 2. коло од Втората македонска фудбалска лига загуби на домашен терен од Македонија ЃП со резултат од 1:2, натпревар кој можевте да го следите на телевизија М Нет во ексклузивен пренос.
Башкими денес преку соопштение и видео од спорни моменти реагира на судиската арбитража од тој натпревар. Во продолжение соопштението на ФК Башкими 1947 од Куманово.
- СООПШТЕНИЕ НА ФК БАШКИМИ 1947 Куманово
Качевки Јован, УЕФА судија, што не може да менаџира натпревар од ВМФЛ!
Второ коло во ВМФЛ, дерби натпревар, прв пред нашата публика ова сезона (околу 2500), помина во главна улога на нашиот “перспективен” УЕФА судија, кој за жал се изгуби на теренот и делеше правда под палка на други диригенти. Куманово е единствен град, кој знае да ги полни трибините со публика во ВМФЛ, но некој упорно се грижи истите да ги испразни, затоа што, фудбалот за нив е пари и бизнис, далеку од пасија и возбуда.
Јоване, како дозволи да паѓаш толку ниско? Имаш ли достоинство? Не ти е жал за тие млади фудбалери, за целата таа публика, за сите тие што вложуваат во фудбалот, да ги срушиш по земја?
Јаване, не само за тебе, не само за тие од Комисија за судии при ФФМ, и за пошироката публика да ги наброиме твоите кардинални грешки, кои дирекно влијаеле врз конечниот резултат.
1. Се играше 17 мин., кога играчот со бр.20 Темелков Ристе (на Македонија ЃП), ГРУБО стартуваше кон нашиот играч Алпај Јусуф (кој поради овој старт мораше пред време да го напушти натпреварот), вие доделивте САМО жолт картон, иако стартот беше за чист директен црвен картон.
2. Истито играч, осоколен од твоите критериуми, во 32 мин, прави уште еден груб старт, и за чудо, остана неказнет !!!! Мораше да има втор жолт картон. По ова ситуација на Ристе Темелков, МОРАШЕ да му се покаже патот кон соблекувалната, но ТИ Јоване, остана нем.
3. Да продолжиме Јоване, се играше 42 мин, и од ведро небо, од околности кои само ти ги знаеш, додели пенал за гостинската екипа. Срамно и неспортски потег од ваша страна. Земи, види ја снимката, пенал НЕМАШЕ, ама ти требаше да го измислиш, требаше домашната задача да ја завршиш како што ти беше дадено од други. Во таква положба на играч, да те поцетиме Јоване – УЕФА судија, НЕМА и не смее да има пенал. Трагично е тоа што, нашиот играч топката воопшто не ја ни допре со рака, а факт за ова е, покажаниот корнер од твојот прв пошник,
4. Се играше 69 минута. Јоване, друга ситуација. Гостинскиот играч играше со рака, и спречи 100% гол. За вас, немаше пенал! Твоја проценка, твоја правда, во штета на домашна екипа. Срамно и неспортски!
5. Вo 87 мин, вистинска глума на гостинскиот играч, кој не беше ни допрен од страна на домашниот играч, падна како искосан, и тоа беше доволно за вас Јоване, за втор жолт односно црвен картон на домашните.
ФК БАШКИМИ 1947 прашува: зошто воопшто се игра фудбал? Ако некој кроел табела од самиот почеток, нема логика да се игра фудбал и да се трошат огромни средства, средства кои тешко и макотрпно се обезбедуваат. СРАМОТА!“, се вели во соопштението на ФК Башкими.
Башкими во следното коло гостува кај Арсими, а пак Македонија ЃП ќе биде домаќин на Победа.