
Пливачите Методи Ѓеоргиев и Ивона Наумова од Штип овој викенд учество ќе земаат на 11-тото издание на Меѓународниот пливачки митинг „Император Куп 2024“ во Битола, во дисциплините слободно и делфин, со што младите пливачи продолжуваат активно да учествуваат на домашни и меѓународни натпревари.
Ѓеоргиев е во одлична форма и максимално подготвен заминува во Битола за нови големи успеси.
11-от Меѓународен пливачки митинг „Император Куп 2024“ ќе се одржи во недела на Градскиот базен во Битола.
Александар Ванев, М-Нет