
Репрезентативците Даниел Манов и Стефан Зашков ќе настапат на Светското првенство во традиционално борење во Киргистан, каде учество ќе земат 200 натпреварувачи. Манов се надева дека Македонија ќе ја претстават во најдобро светло.
И репрезентативецот Зашков очекува од Киргистан да се вратат со добри резултати и со медали, но и да ја претстават Македонија во најдобро светло.
Двајцата членови на пеливанскиот клуб Ацо Крстев максимално подготвени заминуваат во Киргистан по освојување на медали и со надеж за одлично претставување на македонската репрезентација на Светското првенство во традиционално борење.
Александар Ванев, М-Нет