
Комплетирано првото коло од Втората македонска фудбалска лига откако вчера се одигра одложениот меч меѓу Борец и Башкимки, во кој тимот од Куманово со голот на Ардит Демири славеше со 0:1 и со триумф ја започна новата сезона, меч кој можевте да го следите на телевизија М Нет.
Со тоа го имаме и изгледот на табелата по одигрување на првото коло. Македонија ЃП, Новаци, Арсими, Башкими, Брегалница и Вардар Неготино се екипите кои новата сезона ја започнаа со победи, додека пак Каменица Саса, Вардарски, Скопје и Кожуф освоија по еден бод, а пак Победа, Осогово, Борец, Беласица, Охрид и Детонит Плачковица стартуваа со порази.
Првото коло донесе погодоци на секој натпревар, најмалку имаше во Велес каде беше постигнат само еден погодок, два гола беа постигнати во Ѓорче, во Кочани и Штип беа постигнати по три погодоци, додека пак во Автокоманда, и Гевгелија по четири погодоци, а по шест гола паднаа во Гостивар и Радовиш.
Се’ уште е рано да се коментира за анализа на екипите, тоа би го оставиле за после петтото коло, но стартот на сезоната донесе и изненадувања, а тоа ќе биде одлична најава за второто коло, бидејќи неколку екипи ќе бидат на вистински тесен во второто коло со цел да ја поправат сликата од првото коло како што се Детонит Плачковица, Охрид и Беласица.
Викендот на програмата ќе бидат натпреварите од 2. коло, а на телевизија М Нет одново ќе имате можност да проследите второлигашки натпревари.
Александар Ванев, М-Нет