
Актуелниот шампион во Првата женска фудбалска лига за новата сезона во која ќе води борба за одбрана на титулата ја претстави македонската репрезентативка Хава Мустафа, која пристигна од редовите на Шкендија.
26-годишната Мустафа ќе биде вистинско освежување и засилување во нападот на Љуботен.
Ново странско засилување во Љуботен е колумбиската репрезентативка Ингрид Јулиет Видал Исаза, која на позајмица доаѓа од една од трите најдобри екипи во Колумбија, Америка Де Кали.
33-годишната фудбалерка е најзвучното име кое пристигнало во женскиот фудбал во Македонија, а која е најдобар стрелец во колумбиското првенство со 54 репрезентативни настапи и 11 погодоци. Има настапувано на Светското првенство, Олимписките игри, Пан американските игри.
Ново име во Љуботен е и Александра Јовановска, повремената репрезентативка на Македонија, а која доаѓа од редовите на Шкендија.
Во редовите на Љуботен доаѓа и 25-годишната Пауза Алехандра Валбуена Новоа од Колумбија. Искусната Колумбијка ќе биде вистинско освежување во средниот ред на македонскиот прволигаш, кое со себе носи огромно искуство играјќи во Јужна Америка.
Љуботен одбраната на титулата ја започнува од Битола каде ќе се соочи со повратникот Атлетико.
Александар Ванев, М-Нет