Везениот пипер најбаран на денешниот пазар во Облешево

Високите температури ја намалија раздвиженоста на пазарот во Облешево, а пипер, компири и грозје се бараше најмногу . Во согласност со временските услови, цените се складни и достапни до купувчите, велат продавачите и истакнаа дека има слаба раздвиженост поради високите температури.

“60 денари е грозјето, додека праската е 50 денари и 60 денари, а бананата 80 денари, лимонот 120 денари, портокалот 80. Пиперот е 120 и 100 денари, а зелениот е 50 и 60 денари, модрите 40 денари, јаболката 50 денари. Нема народ, нема на кого да продаваме. Многу е тешко, Погледнете нема народ, нема на кого да продаваме.“, истакнаа продавачите

“Дињи, лимон, бостан, модар патлиџан, пипер, везен благ и лут.“, додаваат продавачите

Според купувачите цените се високи, имјќи во предвид ниските примања, но и економската ситуација во државата.

“Еве купуваме пипер, компири нешто. Пиперот 100 денари е скапо, ајде ако е 50 или 60 е добро, ама 100 денари е скапо, затоа народот ќе помине само и толку не купува.

“Што ли си купивме, сливи си купивме, маслинки си зедовме, праски зедовме. По 40 денари се, додека маслинките се 130 денари за пола кило. Праски зедовме 80 денари, а нашите примања се ниски, додека се друго е скапо.“, велат купувачите

“Нема ништо што да си купиме, пиперот не е убав. Пазарот е многу скап, а спрема нашите примања со 13 000 денари пензија знаете ли колку можеме да земеме.“, истакнаа купувачите

“Секогаш тие што продаваат велат дека е евтино, а тие што купуваат секогаш им е скапо. За што попрво да се пензииите”, истакнаа купувачите

Особена побарувачка во однос на излезеноста имаше најмногу на везениот пипер, кој се даваше под цена од 100 денари, бидејќи започнува сезонски да е достапен на тезгите на пазарите.

Лаура Стојанова М-Нет