Изгореа белите дробови на малешевија, граѓаните на Пехчeво со страшни сведоштва од пожарите

Многу гореше и беше страшно, ни изгоре малешевијата. Со страшни сведоштва и трепет пехчевчани сведочат за пламените јазици кој синоќе ја зафатија малешевијата. Ние сме 65 години овде, но ваков пожар не сме виделе никогаш, додаваат тие и велат дека ваквите случаи се причинети од човечки фактор.

“Многу, се изгоре, буковик, белите дробови изгореа на малешевијата, се изгоре. Гореше и порано, тоа е намерно палено, се е намерно запалено, не може само од себе да се запали. Живеам јас овде живеам. Спрема Буковиќ, тука гореше и белиот камен, црн дол. Тука го изгаснавме пред 10 дена и пред неколку дена пак го запалија”, велат сведоците на пожарот

Повеќе нема што да изгори, ни остана шума само над градот и ова ни е последна шанса за нашиот регион да опстане, велат тие.

“Нема повеќе што да гори, само овде над градот, над амбулантата и ако фати спрема рамен дол што го велиме и затоа тоа ни е последна шанса за Пехчево да опстане и тоа ако се запали ние ќе немаме спас. Од минатата година изгоре многу исто спрема Делчево. Вчера изутрина не се гледаше градот, имаше многу чад, бидејќи тоа што гореше беше само борова шума, додека буката не гори, а боровата шума и смреката гори до долу. Исто и трева има многу сува, но и многу е топло исто така.“, додаваат сведоците

Инаку, во вчерашниот ден пламените јазици се гаснеа од копно и воздух со помош на 3 хелихоптера, а изгоре приближно 5 квадратни километри место со висока стеблеста борова шума.

Лаура Стојанова, М-Нет