Цена од 50 денари за килограм ориз бараат земјоделците од Облешево

По измината средба на министерот за земјоделие Цветан Трипуновски, оризопроизводителите во Општината Чешиново-Облешево задоволни во однос на заедничките решенија. Остатокот на ориз од изминатата година се договоривме да биде откупен, а цената да биде реална, вели земјоделецот Стојче Ташовски и едногласно додава дека цената на истиот пак за оваа година треба да биде над 50 денари.

“По средбата звршена со министерот за земјоделие господинот Цветан, имавме добра средба во која се најде заедничко решение. Останатата арпа од ориз што е од лани да биде исто откупена, а меѓутоа цената да биде реална, како што цената знае да падне, како што сега до 25 денари дојде, па се задржа 35. Ние моментално имаме поголем проблем со наводнувањето, така што водата повеќе се насочува во светиниколско, а овде оризот моментално треба најмногу вода да има. Дојдовме до заклчок дека културата ориз за оваа година ќе треба минимално 45 па и 50 да дојде, за да ние најдеме математика за да опстанеме земјоделците“, вели Ташковски

Младите си заминуваат или пак воопшто не се занимаваат со земјоделската култура, бидејќи не им е исплатливо вели Ташовски, а тоа се сведува на фактот дека тие се меѓу последните кои се занимаваат со оваа дејност.

“Орозивоата арпа е културата која може да стои некаде околу две години со сигурност. Земјоделската површина ќе остане празна не само од цената, туку и од кадар кој што веќе не можат да ги работат, бидејќи ние сме веќе околу 60 години, млади генерации нема, многу малку има и ако не дадат некоа цена пристапна, младите и на вие цени нема дојдат, тој дел е многу тежок. По тоа што ни го кажаа на последната средба ние како земјоделци имаме надеж, бидејќи тоа што го обеќаше како министер, скору се е извршено. За два месеца започнуваме со жетвата, мислеме дека ќе најдеме заедничко разбирање околу цените и со откупувачите, но и со министерот.“, додава Ташковски

Она што останува понатаму како прашање е дали после децениски период, ќе има кој да ги обработува нивите и дали младите ќе останат во државата, имајќи во предвид слабиот откуп на оваа гранка.

Лаура Стојанова, М-Нет