
Секој од нас од време на време добива обоена обвивка на јазикот. Нормалната боја на јазикот треба да биде бледо розеникава додека останатите промени се сметаат како физиолошки појави. Во одредени случаи се случува бојата на јазикот да биде во бела или жолта боја. Тоа обично не значи ништо сериозно и промената на бојата е поврзана само со акумулација на мртви клетки. Но, во некои случаи е подобро да се биде внимателен.
„Нормална боја или обоеност на јазикот е бледо розеникава. Сите останати промени или обоеност на јазикот ги сметаме како патолошки или не физиолошки. Бојата е од нормалната обоеност на папилите- дегустативите преку кои што го осеќаме вкусот на она пто го внесуваме во нашата исхрана. Обоеноста најчето која што можеме да ја видиме е бела обложеност која што може да биде како повеќе причинители од една е неправилна и несоодветна орална хигиена.“ вели Митрова
Причини кои доведуваат до промена на бојата на јазикот се: пушењето, консумирањето алкохол. Освен овие лоши навики може да станува збор и за заболувања како што е познатата кандида албиканс која се одликува со бели наслаги на јазикот. Освен тоа на бојаата на јазикот влијаат и хронично белодробните заболувања.
„Консумирање алкохол, пушењетп, и во некои култури меѓутоа и некои луѓе практикуваат џвакање на деривати од тутун и тоа може да придонесе на обоеност. Меѓутоа и некои заболувања како што се преголем развиеност на квасци, познатата кандида албиканс може да доведе до обоеноста со беличести наслаги на јазикот.. потоа луѓето кои што зимаат како хрноична инхалаторна терапија, овде особено ќе ги спомнам луѓето кои што заболуваат или имаат хронично белодробно заболување како што е астмата така наречените познати пумпици“ посочи Митрова
Нормалната боја на јазикот може да се одржи со правилна орална хигиена
„Нормалната обоеност на јазикот можеме да ја одржиме со правилна орална хигиена редовно и тоа: најмалку два пати на ден миење со паста,потоа чистње на забите од забен камен со забен конец, намалувае на исхраната со шеќери, бели пецива кои што исто така можат да допринесат до дисбаланс на нашата нормална флора во оралната шуплина„ изјави Митрова
Лекарите наведуваат дека некои мали промени во бојата на јазикот се безопасни. На пример, бојата на јазикот може да се промени кога пиеме чаша црвено вино. Сепак, советот е да се оди на лекар кога промените во бојата, обликот или големината на јазикот траат повеќе од неколку дена. Исто така, секоја промена во обвивката на јазикот може да укаже на инфекција и може да бара третман.
Лаура Стојанова, М-Нет