
За кратко време изгореа два објекти, како и сува трева во Стар Караорман. Жителите велат дека ненадејно огнот почнал да се шири, а силниот ветер придонел за негово дополнително ширење. Заеднички месното население со помош на ТППЕ Штип и брзата реакција спасија огнот да не се прошири дополнително во населеното место, а неколку куќи беа спасени во последен момент.
„Овоа беше страшно, се запали, јас бев дома, излегов надвор, колку што можев со наше црево спасивме. Ама ако не направевме пат јас и татко ми, се ова е на рака направено, ако не беше ова и нашата куќа ќе изгореше.“ – вели Спасовски.
На лице место со пожарникарите и полциијата беше и градоначалникот Иван Јорданов. Во моменти кога гори од сите страни, апелираше граѓаните да бидат крајно внимателни бидејќи и од мала невнимателснот може да настане голем пожар со огромни последици.
„Жалам што се опожарани два објекти. Сепак заради добрата организација на пожарникарите и месното население огнот е спречен. Силниот ветер предизивика брзо ширење.“ – вели Јорданов.
Во меѓувреме, Јорданов апелираше до СВР Штип да го испитаат случајот до крај и да се пронајде виновникот за пожарот кој зафати два објекти.
Лаура Стојанова М-Нет