
Заробена во сопствената куќа – Славица Крстевска заедно со нејзиниот сопруг Донче до сопствениот дом одат како што велат по „козји“ патеки. Пред една година се доселиле во куќата во Штип во која живеат и денеска, но нивниот сосед им го заградил влезот преку кој треба да влегуваат дома. Не можат пеш, ниту со автомобил да дојдат до својот дом. Со мака велат одат до продавница или на лекар, оти немаат ниту влез ниту излез.
„Два метри е државно другото е мое. Јас сакам да имам влез и излез. Не можам да влезам дома, појдевме со жената, ќе се утепаше.“ – вели Крствески.
Соседот пак вели согласно документи кои ги има местото кое е заградено е негово. Дециден дека овде е предвидена пешачка патека и детско игралиште што во реалноста не постои. Затоа Крстевски немаат како да стигнат до сопствениот дом.
„Овоа е пешачки премин кој е предвиден, крајната дестинација е детско игралиште. Во реалноста нема никакво детско игралиште има узурпирано земјиште.“ – вели Шаклев.
Двајцата соседи бараат да се реши проблемот од страна локалната самоуправа. Комуналниот инспектор при Општина Штип вели дека се запознаени со проблемот и дека се работи на негово расчистување.
Лаура Стојанова М-Нет