Резервните бунари за вода во Штип неупотребливи, од ЈП Исар велат дека тие се со различен систем на користење

Изградбата на новата водовдна линија во Штип неколку дена оставија дел од градот без вода за пиење. Во период кога водоснабдувањето се врши преку ХС Злетовица, се постави прашањето зошто не се употребат резервините бунари. Водата од бунарите преку пумпи треба да стигне до филтер станицата, па потоа истата да се пушти по домаќинставта. Тоа значи дека истите не можат да се користат во случај кога ќе нема вода од ХС Злетовица. На терен граѓаните во Штип велат дека оваа вода од бунарите, кои впрочем треба да бидат резервни не се користи. Но, согласни се дека ако се преземат соодветни активности на терен можат да се стават во функција, со што навистина би служеле како златна резерва кога во градот ќе нема вода.

Од јавното претпријатие „Исар“ велат дека резервните бунари имаат различен систем на користење во споредба со хидросистемот Злетовица. Во однос на количината на вода, хидросистемот Злетовица има поголема количина на вода, односно 300 лити во секунда, или 30% повеќе споредбено со резервните бунари. Од таму посочуваат дека е не се мешаат водата од ХС Злетовица и од бунарите. Додаваат дека во време на криза и да има можност за користење на бунарската вода, најмалку една недела таа треба да биде само техничка.

Затоа претходниот период се направија сите напори за Општина Штип да биде една од петте ошпштини кои вода за пиење ќе добиваат од ХС Злетовица. Бунарскиот систем на водоснабдување требаше да служи како резерва.

Лаура Стојанова М-Нет