Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа остана без финале на турнирот во Португалија, но ќе направи скок меѓу првите 200 на ВТА листата

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа во неизвесен меч го загуби полуфиналето на турнирот во Фигеира да Фоз во Португалија што се игра за награден фонд од 100.000 долари. Поуспешна од македонската тенисерка беше поранешната тенисерка број 10 Кристина Младеновиќ од Франција, која натпреварот го доби со 2-0 во сетови (64 75) за 104 минути игра.

Во првиот сет по осум одиграни гема ниту една тенисерка не освои гем на свој сервис, а во таков резултатски тек Ѓорческа водеше со еден гем предност. По 4:4 во гемот број 9 Младеновиќ го освои гемот на сервис поведе со 5:4, а потоа со нов брејк го доби првиот сет со 6:4 во гемови.

Почетокот на вториот сет беше сосема поинаков и по три гема водство за Младеновиќ, но сега тенисерките освојуваа гем на свој сервис. Французинката прва напррави брејк за водство од 3:1, но кога беше најпотребно во десетиот гем на свој сервис Ѓорческа успеа да изедначи на 5:5. Но, сепак следните два гема и припаднаа на Младеновиќ за 7:5 во вториот сет и конечни 2-0 во сетови.

Најдобрата македонска тенисерка за пласманот во полуфиналето на турнир од рангот W100 ќе освои 39 поени, а тоа веројатно ќе значи дека Ѓорческа на новото рангирање ќе успее да влезе меѓу првите 200 тенисерки на ВТА листата.

Александар Ванев, М-Нет