11. издание од традиционалниот турнир во фудбал по повод Илинден во Зрновци

По единаесети пат се одржува традиционалниот турнир во фудбал по повод празниокт Илинден во Зрновци.

Веќе се одиграа неколку натпревари, а големото финале е предвидено за 31. јули.

Според досега одиграните натпревари Амфенол со 3:2 го доби Тркање, а пак Дамјан со 3:2 Ружи. Вчера Але дар одигра 1:1 против Амфенол, а Дамјан со 3:1 славеше над Бока.

Вечерва на програмата се нови два натпревари. Од 18:30 часот Тркање против Але дар, а еде час подоцна Ружи против Бока.

Традицијата продолжува, а жителите на Зрновци и околните места може да уживаат во добар фудбал.

Александар Ванев, М-Нет